Индивидуално онлајн туторство, дома или сo лично присуство

Започнете со револуција во учењето со Едунова. На раскрсницата на потенцијалот и достигнувањата, ние сме тука да ви помогнеме во создавањето на персонализиран патоказ кон академска извонредност. Со тим од стручни ментори, ние сме тука да го претвориме „не можам“ во „успеав“. Добредојдовте на место каде потрагата по знаење се среќава со стручноста, а брилијантноста е очекувана.
нешто повеќе

За нас

Нашите квалифицирани професори и тутори имаат мисија неуморно да ја понудат потребната поддршка на секој од нашите ученици индивидуално, за тие да постигнат одличен успех во учењето.

За таа намера, нашите методи се засноваат на поставување пријателска врска меѓу професорот и ученикот, што значително го олеснува целокупниот процес.
услуги

Што нудиме?

F.A.Q

Често поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања за нашите часови.

Времетраењето на часовите е од 60 минути или 90 минути. Секако, може да се закажат и двојни (блок) часови.

Зависно од потребите и приоритетите на ученикот, се подготвува индивидуален план со  кој се определува бројот на часови. Ние препорачуваме најмалку 1-2 часа во текот на една седмица.

Индивидуалните часови се наменети за сите ученици од основно и средно училиште, но и студенти кои имаат потешкотии при учење, разбирање на одредени училишни предмети и теми, решавање задачи, изучување на јазик и секој сличен предизвик со кој се среќаваат во училиште.

Познато е дека честопати во училиштата не се посветува внимание на интересите на секој ученик посебно, неговите квалитети и амбиции. Тоа е сосема разбирливо , со оглед на тоа дека 1 професор предава на 20-30 деца истовремено. За време на индивидуалните часови, фокусот за време на 1 час е само на Вашето дете. Туторите покрај тековните задачи, имаат и обврска да го следат развојот и интересите на секое дете индивидуално. Така што, туторите играат голема улога во детектирање на потенцијални квалитети кај децата, што понатака го олеснува за Вас како родител, следењето и правилно насочување на неговите интереси.

Закажувањето сесија е лесно! Посетете ја нашата веб страница и одберете ја опцијата „Закажи советување“. Следете ги инструкциите за да го изберете предметот, претпочитаниот временски простор и податоци за контакт. Нашиот тим ќе Ве контактира во најскоро време.
Услуги за туторство се за ученици од сите возрасни групи, од основно училиште до ниво на факултет. Нашите тутори ги прилагодуваат своите методи на настава за да одговараат на индивидуалните потреби на секој ученик или студент. Секако, нашиот институт нуди и услуги за туторство и за возрасни лица, како на пример за учење јазик и слично.
buv-pozadina-mal

Имате повеќе прашања или ви требаат дополнителни информации?

Слободно контактирајте со нашиот тим за поддршка на клиентите преку info@edunovanachhilfe.com или телефонскиот број 077/719-320 или +49 1577405-1932 како и на Viber WhatsApp, како и преку социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук. Ние сме тука да ви помогнеме со какви било дополнителни прашања што можеби ги имате.
мислења

Што мислат другите за нас?

сподели знаење

Биди дел од нашиот тим

Нашата цел е да го подобриме знаењето на секој ученик индивидуално и да им помогнеме полесно да ги остварат своите цели. Затоа, нашиот тим е во потрага по соработници кои ја делат истата мотијација како и ние.

Се бараат тутори за предметите:

F.A.Q

Често поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања за работните позиции.

За да аплицирате, посетете ја нашата страница „Пријави се“. Следи ги упатствата за да го пополниш формуларот за апликација.

 По испраќање на кратко резиме, следната фаза е поминување на краток тест со кој се утврдува педагошката, психолошката и секако професионалната компетенцијата на туторот. 

Дел од тимот може да биде секој кој професионално соодветсвува на областа во која сака да ги пренесува своите знаења. Во нашиот тим се средношколци, студенти, демонстратори, асистенти, професори и сите оние кои се компетентни по предметот кој сакат да го предаваат, секогаш добредојдени.

Апсолутно! Со добра организација се се постигнува . Во ‘Edunova Tutoring’’ ја имате таа привилегија, сами да си го планирате својот распоред, секако во консултација со клиентот. Можете да ги организирате своите часови и после предавања или работното време.

Да, можете да ги наведете вашите претпочитани предмети за време на процесот на аплицирање. Ги совпаѓаме туторите со предметите врз основа на нивните квалификации и стручност.
Да, ние го цениме континуираното учење и нудиме можности за професионален развој. Ова вклучува сесии за обука, работилници и семинари за подобрување на вашите вештини за туторство.
Туторите добиваат постојана поддршка од нашиот тим, вклучувајќи пристап до ресурси, редовно ажурирање и помош со какви било предизвици што може да се појават за време на туторските сесии.
повеќе

За мене

Јас сум Симона, машински инженер, исплонета со желба да споделува знаење и да им помага на учениците да успеат во нивното академско патување. Со моето 5 годишно искуство во областа, носам богато практично искуство и длабоко разбирање на концептите на туторството за различни предмети. По завршување на студиите на машинскиот факултет во Германија “Universität Duisburg – Essen“, кои ми помогнаа да развијам посебни методи при студирање на 2 странски јазици, се одлучив да создадам круг на мои соработници и задоволни клиенти во остварувањето на мојата конечна цел – да овозможам на децата уште од најмала возраст да научат да ги поместуваат границите и да го извлечат максимумот од себе. Верувам дека учењето треба да биде интерактивно искуство и врската меѓу туторот и ученикот треба да е пријателска. Токму на таква основа се гради и мојот однос кон моите клиенти и соработници.
Slika webst.

Добредојдовте во нашиот оддел за изработка на веб страници

други активности

„Едунова“ не е само инсититут за туторство

Дали Вашиот бизнис, професионална кариера или личен проект бара присуство на интернет? Нашиот тим за изработка на веб страници е тука да Ви помогне да ги остварите Вашите цели!

Со години на искуство и страст кон креирање на квалитетни онлајн решенија, нашата супер екипа од професионалци Ви нуди индивидуализирани и креативни веб страници кои го истакнуваат вашиот уникатен бизнис идентитет.

Што нудиме?

1

Индивидуализиран и единствен дизајн:

Креирање на веб страници коишто се прилагодени на вашиот бренд, со уникатен дизајн што го одразува карактерот на Вашиот бизнис

2

Респонзивен дизајн:

 Изработка на веб страници коишто се прилагодени за сите видови на уреди (мобилен телефон, таблет, компјутер), обезбедувајќи едноставен пристап за Вашите корисници

3

SEO оптимизација:

Имплементација на стратегии за оптимизација за пребарувачи (SEO) за подобра видливост на Вашата веб страна на веб пребарувачите и зголемена посетеност

4

Управување со содржина:

Поддршка за креирање и уредување на содржината на вашата веб страна, вклучувајќи текст, слики, видеа и други медиуми

5

Дигитален маркетинг:

Консултации и услуги за дигитален маркетинг со цел да го проширите Вашето онлајн присуство и да го зголемите вашиот успех преку различни канали (социјални медиуми, е-пошта и рекламни кампањи)

6

Поддршка и одржување:

Редовна поддршка и одржување на Вашата веб страна, вклучувајќи ажурирања и сигурносни проверки, за Вашата веб страна да работи беспрекорно

Дали сте подготвени да го создадете Вашиот онлајн свет кој ќе го издвојува Вашиот бизнис од конкуренцијата?

Кликнете на копчето подолу „Започнете ја Вашата веб приказна “ и  ајде да започнеме со креирање на Вашиот онлајн простор!